ЕУ одобри договор со Фајзер и БиоНТех за вакцина против Ковид-19
– Европската Комисија одобри четврт договор за набавка на вакцини против Ковид-19, овој пат со фармацевтските компании БиоНТех и Фајзер за начелни 200 милиони дози, јави дописничката на МИА од Брисел.
Ова денеска го потврди портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер.
Покрај начелните 200 милиони дози вакцини, побарани се дополнителни сто милиони откако ќе биде утврдено дека вакцината е ефикасна и безбедна, соопштија од Европската комисија.
Комисијата се обидува да “изгради разновидно портфолио“ на вакцини преку договори со главни фармацевтски компании за да може да ги распредели што е можно побрзо штом вакцините бидат одобрени и проверени. До сега се склучени договори со АстраЗенека, Санофи ГСК и Јансен, а во тек се преговори со КјурВак и Модерна.
-Штом бидат авторизирани тие брзо ќе бидат распределени и ќе не приближат до трајно решение за пандемијата, изјави претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен денеска.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
