ЕУ одобри 261 милион евра помош за палестинските бегалци
Европската унија одобри 261 милион евра за финансирање на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА).
Европската комисија во соопштението наведе дека усвоила тригодишен придонес во износ од 261 милион евра „за да и се обезбеди на Агенцијата предвидливи финансиски средства за обезбедување основни услуги за палестинските бегалци“. Веќе договорените 246 милиони евра финансиска помош беа дополнети со уште 15 милиони за да се ублажи влијанието на нестабилноста околу снабдувањето со храна, отежната од војната во Украина, се вели во соопштението.
„Нашата поддршка за УНРВА е клучен елемент во нашата стратегија да придонесеме за безбедноста, стабилноста и развојот во регионот, што исто така помага да се зачуваат изгледите за одржлив мир меѓу Израелците и Палестинците“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Во периодот меѓу 2021 и 2024 година, ЕУ планира да обезбеди вкупно 1,15 милијарди евра финансиска помош за палестинската управа и УНРВА.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест