ЕУ објави „црн список“ на држави кои се даночни раеви
Европските министри за финансии денеска објавија „црна листа“ на која се 17 држави за кои се наведува дека се „даночни раеви“, додека 47 други нации ветија реформи за да избегнат да бидат етикетирани како даночни засолништа
Во пакетот мерки, кои ги усвои Советот на министри за економија и финансии на ЕУ се 17 држави во кои незаконски се овозможува затајување на данок, додека Србија, БиХ и Црна Гора се обврзаа до 2019 година да ги исполнат меѓународните и европски стандарди за спречување проневери при плаќање данок.
Македонија, која на листата е во групата држави кои имаат подобрување на стандардите за транспарентност, го поддржа документот на министрите од ЕУ за тоа Србија, Црна Гора и БиХ да станат членки на поширока меѓународна рамка за примена на стандардите на ЕУ. Тие барања ги прифатија и Албанија, Турција, Јордан, Фиџи, Свазиленд, Виетнам, Мароко, Малдиви и Зеленортските Острови.
На „црниот список“ земји кои не дале гаранции или не презеле мерки дека ќе спречат затајување данок се Американска Самоа, Барбадос, бахами, Гренада, Гуам, Макао, Маршалови Острови, Монголија, Намибија, Палау, Панама, Санта Лусија, Самоа, Северна Кореја, Тринидад и Тобаго, Тунис и Обединетите Арапски Емирати.
Земјите од „црниот список“ се повикани своите закони и мерки да ги усогласат со меѓународното право и ЕУ стандардите за избегнување плаќање данок онаму каде ќе се оствари профит, а утврдени се и низа „одбранбени мерки“, односно казни кога ќе се утврди дека не се спречува затајувањето данок.
- Оваа иницијатива веќе ја докажува својата вредност, бидејќи многу земји работеа за исполнување на обврските пред крајниот рок, врз основа на нашите критериуми, рече Томас Тунисте, министер за финансии на Естонија, кој моментно претседава со Европскиот совет.
- Но, исто така, важно е внимателно да го следиме исполнувањето на обврските од нашите партнери од целиот свет, додаде тој.
- Усвојувањето на првата црна листа на ЕУ за даночните раеви претставува клучна победа, кога е во прашање транспарентноста и праведноста, изјави еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси
Ново на Сител
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
-

ЕУ постигна договор за олеснување и одложување на дел од правилата за вештачка интелигенција
-

Најстудено во Берово, а најтопло во Демир Капија, Скопје и Тетово
-

Во Кривичен денеска пресуда за Стојанче Јовановски за трагедијата од 2 март
