ЕУ ја ограничи цената на руската нафта на 60 долари за барел
Според последните информации од Брисел, земјите членки на ЕУ се согласија да ја ограничат цената на руската нафта на 60 долари за барел. Горната граница е за нафтата што Москва ја извезува по морски пат ширум светот.
Договорот е постигнат попладнево, а клучна за согласност била Полска, објавија повеќе европски медиуми.
Ограничувањето на цената ќе се ревидира редовно за да се следат нејзините пазарни последици, но треба да биде најмногу 5% под просечната пазарна цена, се вели во документот на ЕУ со детали за ограничувањето.
Русија веќе предупреди дека ограничувањето на цената на нафтата може да предизвика хаос на енергетските пазари, дополнително да ги зголеми цените на суровините. ЕУ пет дена применува ембарго на руската сирова нафта, откако и со официјален Вашингтон се договори за потребата за ограничување на цената која западни клиенти ја плаќаат за руската нафта.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена