ЕУ испраќа медицински тим и помош во Италија
![]()
Романија и Норвешка, преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, испраќаат екипа на лекари и медицински сестри за да им помогнат на локалните доктори во Италија, соопшти денеска Европската Комисија.
Механизмот за цивилна заштита на ЕУ има за цел да го координира одговорот на ЕУ во кризни состојби.
Романските и норвешките медицински лица ќе се упатат веднаш во Милано и Бергамо, додека Австрија понудила да испрати три илјади литри гел за дезинфекција во Италија преку Механизмот.
-Овие лекари и медицински сестри, кои ги оставаат своите домови за да им помогнат на колегите во другите земји членки, се вистинското лице на европската солидарност. Цела Европа се гордее со вас, изјави претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
Центарот за координација на реакциите на ЕУ работи 24 часа дневно, секој ден, слично на механизмите за хуманитарна помош надвор од ЕУ.
Активирани се и инструментите на европскиот сателитски систем Коперникус за да и се помогне на Италија, а властите во земјата вчера добиле залихи на лична заштитна опрема преку Механизмот. Други земји на ЕУ исто така испратиле заштитна опрема и преземаат италијански пациенти во своите болници за да го олеснат притисок врз италијанскиот здравствен систем, информира Европската Комисија.
Ново на Сител
-

Кујната во РЕК Битола затворена – Над сто работници со симптоми на труење со храна
-

Заловени македонски бикови кои влегле во Бугарија
-

Од утре започнува целосна реконструкција на Платежната агенција – вработените таму треба да се преселат до крајот на годината
-

Минчев од Брисел: Работиме на реформите за ЕУ, но и на заштита на македонскиот идентитет
-

Меланија Трамп се прошета со хуманоиден робот
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања – опозцијата обвинува за економска криза, власта тврди дека се превземаат мерки
-

Гаши: Собранието работи на усвојување на законите од реформската агенда
