ЕУ и САД треба да ја објават проценката за изборите

Проценката на ЕУ и САД дали се создадени услови за предвремени парламентарни избори на 24 април треба да биде објавена денеска.
Првично амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли најавија дека проценката за изборите ќе биде објавена на 19 или 20 февруари.
Вчера од Амбасадата на САД и Делегацијата на ЕУ посочија дека одложувањето е на барање на лидерите на политичките партии.
Евроамбасадорот Аиво Орав, неделава одговарајќи на новинарско прашање изјави дека ја оценуваат ситуацијата во три области за подготовката за изборите и тоа ДИК и Избирачкиот список, во однос на персоналот на ДИК и ревизијата на Избирачкиот список, медиумите-балансирано известување и договорот на четирите партии за реформи во медиумите, одвојувањето на државата и партиите, како и притисоци и закани.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
