ЕУ го укинува летното и зимското сметање - доаѓа крај за поместувањето на стрелките
Денеска завршува големата анкета на Европската унија која треба да даде увид на тоа што мислат граѓаните за укинувањето на сезонското поместување на стрелките на часовникот.
Дека сезонското сметање ќе биде укинато, скоро е извесни, пишува Дојче веле додавајќи дека не се знае кога тоа ќе се случи и дали ќе се задржи зимското или летното сметање на времето.
Дали е овапочеток на нова ера: - прашува Дојче веле.
Пратеникот на германските Либерали во Бундестаг, Михаел Тојрер е убеден во тоа.
„Сигурен сум дека префрлањето од зимско сметање на летно и обратно ќе биде укинато. Само уште не е сигурно кога“, вели Тојрер кој претходно, за време на маднатот во Европскиот парламент, се залагал за укинување на сезонското сметање на времето.
Тој е уверен дека со укинувањето ЕУ може само да има добивка.
„Оваа иницијатива би можела да го зајакне единството во внатрешноста на Унијата. Некоординирани промени на времето во ЕУ се штетни за заедничкиот пазар, но и патувањата и комуникацијата. Кога секоја нација за себе би одлучила дали сака промена или не, тоа би вродило со хаос“, смета либералниот политичар.
Останува да видиме како ќе одлучи ЕУ.
Ново на Сител
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци