ЕУ: До крајот на следната година во 28-те земји-членки ќе пристигнат три милиони мигранти
Европската унија прогнозира дека уште три милиони бегалци може да пристигнат во 28-те земји-членки до крајот на следната година.
Есенските економски прогнози на ЕУ, објавени денеска покажуваат дека миграцискиот бран нема да се намали ниту во 2017 година и до крајот на 2016 година ќе пристигнат дополнително три милиони мигранти.
Повеќе од 700 илјади веќе пристигнале во Европа во потрага по азил или работа, преоптоварувајќи ги прифатните центри и граничните служби.
Според очекувањата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации во Европа оваа зима дневно од Турција ќе продолжат да пристигнуваат по пет илјади бегалци и економски мигранти. Се очекува за четири месеци да пристигнат уште 600 илјади.
УНХЦР повика за дополнително финансирање од 96,15 милиони долари за помош на Грција, Хрватска, Србија, Словенија и Македонија, со што итните фондови за справување со бегалската криза во Европа ќе достигнат 172,7 милиони долари.
Ново на Сител
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците