Балкан
27. January 2023 - 19:40
ЕУ бара од БиХ да воведе визи за Русите
ЕУ бара од БиХ да воведе визи за граѓаните на Руската Федерација.
- Очекуваме БиХ како кандидат за членство, целосно да ја усогласи својата визна политика со ЕУ, која не предвидува безвизен режим со Русија соопшти делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.
ЕУ постававува премногу барања за Босна и Херцеговина, регира Русија. Постоечкиот Договор за безвизен режим обезбедува поволни услови за развој на врските меѓу двете земји.
- Уверени сме дека актуелната правна рамка одговара првенствено на интересите на БиХ, една отворена земја која ЕУ тежнее да ја претвори во колонија, оцени руската амбасада во Сараево.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
-->
-->