Еспер во посета на Јужна Кореја

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска во Сеул се сретна со високи јужнокорејски претставници, во екот на регионалните безбедносни предизвици: од трговската војна меѓу Сеул и Токио,па се до прашањето за трошоците на американскте сили стационирани во Јужна Кореја.
Британските меидуми пренесуваат дека во текот на разговорите Еспер го истакнал значењето на американско-јужнокорескиот сојуз и додал дека двете земји ќе продолжат да ги координираат активностите во врска со Северна Кореја.
Јужнокорејскиот министер за одбрана Жонг Кеонг Ду изјавил дека Сеул бара можности
да го реши трговското недоразбирање со Јапонија.
Трговската војна меѓу Сеул и Токио се заканува да ја загрози размената на разузнавачки податоци во регионот, пренесуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
-

Објавен годишниот конкурс за финансирање проекти од културата
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
