ЕСМ: Направивме набавка на струја со поволни цени, РЕК Битола работеше со еден блок
Во текот на изминатиот период, како резултат на направените анализи на пазарот на електрична енергија, направена беше набавка на струја, со поволни цени кои на АД ЕСМ му овозможуваат намалување на трошоците на работа. Токму поради тоа РЕК Битола планирано работеше само со еден блок, известуваат од АД „Електрани на Северна Македонија“.
Оттаму, појаснуваат дека во текот на вчерашната ноќ, поради пукната цевка, што, како што велат, е честа појава, Блокот со кој работеше РЕК Битола испадна од мрежа.
- Електричната енергија е надоместена од сопствените производствени капацитети и не е направена никаква дополнителна набавка на хавариска струја и не е направен дебаланс на системот како што се шпекулира, велат од ЕСМ.
Од компанијата посочуваат дека веднаш се започнати пуштачки операции за враќање на еден од блоковите на мрежа и денеска во попладневните часови се очекува истиот да биде приклучен.
- Согласно планот за производство се очекува до крајот на неделата да биде ставен на мрежа и вториот блок, додека на почеток на следната недела се очекува сите три блокови да бидат на мрежа, известуваат од ЕСМ.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени