ЕСМ ја крои новата цена, ќе поскапи ли струјата за домаќинствата?
ЕВН хоум го продолжи рокот на тендерот на кој треба да се обезбеди струја за домаќинствата за идната година. Ова било договорено на денешниот состанок меѓу РКЕ, ЕСМ, МЕПСО и претставници на владата во просториите на ЕВН.
Тендерот наместо до 25 ноември ќе трае до 2 декември. Според информации на Сител причина за продолжувањето е што државната ЕСМ нема да може до 25 да достави понуда, затоа што според информациите компанијата не знае колку електрична енергија ќе произведе бидејќи нема доволно јаглен и допрва ќе се навбавува.
Сител дознава и дека на последната владина седница месецов - на 30 ноември државната ЕСМ ќе бара и зголемување на производствената цена на електрична енергија која во моментов е 36 евра за мегават час.
Според законот за енергетика државните електрани треба да обезбедат 60% од потребите на струја до универзалниот снабувач.
Во меѓувреме МЕПСО ја доби сметката од Европа за влечењето на струјата од меѓународната мрежа. За октомври изнесува 16,5 милиони евра, а за јули, август, септември и октомври вкупно 18,5 милиони евра. Од компанијата очекуваат фактурата за ноември да биде помала затоа што сега се влече многу помалку струја од Европа во однос на претходниот период.
Ирена Чачкова
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
