ЕСМ: Го поздравуваме фактот што РКЕ одлучи покачувањето на цената струјата да биде едноцифрено

АД ЕСМ го поздравува фактот што РКЕ одлучи покачувањето на цената на електричната енергија да биде во минимални рамки и едноцифрено. АД ЕСМ претходно се согласи да ја продава електричната енергија кон ЕВН Хоме за потребите на граѓаните по компромисна цена од 41 евро за мегават час, со цел да не предизвика значајно покачување во својот дел на учеството во крајната цена на стујата.
При одредување на цената на АД ЕСМ, со првенствено значење се земаше токму проекцијата на тоа која ќе биде крајната цена за потрошувачите. Од тие причини се внимаваше ЕСМ да предложи и владата да поддржи и да препорача цена која нема да предизвика голем ценовен шок во општеството, а сепак ќе ја задржи стабилноста на компанијата. Во таа насока се и последните одлуки на Владата за дополнително снабдување на ЕВН Хоум преку ЕСМ во услови на кризна состојба.
Улогата на АД ЕСМ со новиот закон за енергетика е државниот производител на електрична енергија да обезбеди времена ценовна тампон зона во период од неколку години, и АД ЕСМ ги вложува сите капацитети, и производни и човечки, да ја исполни својата обврска и да одржи стабилен и сигурен електро-енергетски систем и непречена испорака на електрична енергија за домаќинствата.
АД Електрани на Северна Македонија
Ново на Сител
-

Во угостителски објекти во Тетово пронајдени дрога и ладно оружје
-

Приведена жена во Гевгелија, од вработена во болницата украла телефон
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
-

Повеќе од 100 куќи уништени во пожар во Норвешка
-

Иранската војска соопшти дека нападнала база за американски дронови и главен центар за ВИ во Бахреин
-

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место
-

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини
