ЕСМ до Мицкоски: РЕК Битола нема да се затвори
АД ЕСМ го информира Мицкоски дека РЕК Битола нема да се затвори.
Во услови на енергетска криза, кога речиси и да нема земја во Европа и регионот која не е погодена од новонастанатата ситуација, АД ЕСМ ги презема сите неопходни чекори за оптимизација на работата, согласно законските можности кои ги има на располагање. Политичко етикетирање на вработените во компанијата и комбинатот и нивна поделба на подобни и неподобни никој досега ниту помислил, ниту направил. Оттаму, сметаме дека лидерот на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ е првиот и единствениот кој политички ги етикетира вработените во компанијата и во комбинатот, со што ги поткопува напорите на менаџмантот за справување со енергетската криза.
Што се однесува до работењето на РЕК Битола, најостро ги осудуваме инсинуациите за затворање на комбинатот кои политичката партија ВМРО – ДПМНЕ ги споделува во јавност подолго време. РЕК Битола ќе продолжи да работи без разлика на енергенсот што ќе го користи за производство на струја. Јагленот ќе се користи за производство на струја се додека струјата произведена од јаглен е економски исплатлива. Најголема потврда за тоа е набавката во вредност од 17,5 милиони евра на дел од потребаната механизација за ископ што АД ЕСМ ја реализира годинава, а за следната година планира нова набавка со која ќе може да се врши ископ на јаглен и од наоѓалиштето во Живојно. Паралелно со овие активности, се одвива процесот на трансформација кон обновливи избори на енергија и тоа на никаков начин не го загрозува опстанокот на РЕК Битола.
АД Електрани на Северна Македонија
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
