Ескобар: САД категорички одбиваат враќање на српските сили на Косово
Американскиот заменик-помошник државен секретар, Габриел Ескобар, денеска од Приштина изјави дека САД категорично се против можноста за враќање на српските сили на територијата на Косово.
Во врска со изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Белград во четврток ќе побара од мисијата КФОР одобрение за враќање на српските сили на Косово, Ескобар за Радио Слободна Европа изјави дека САД „категорично ја отфрлаат таквата можност“.
-Ние воопшто не го поддржуваме тоа. Исто така, сакам да кажам дека Косово има многу силни безбедносни гаранции од САД, рече Ескобар на вториот ден од неговата посета на Приштина.
Ескобар, кој утре доаѓа во Белград, одговори и на прашањето каква ќе биде реакцијата на САД во случај српските сили да се вратат на Косово.
-Прво, не очекувам такво нешто. И второ, Косово има цврсти гаранции од САД кои се манифестираат преку учество во КФОР, рече Ескобар, специјален пратеник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции