Есенски ДОМА саем во три хали

Скопски саем од петок до 2 октомври ќе биде домаќин на 4. издание на Есенски ДОМА саем што ќе се одржи во три саемски хали.
На саемот ќе може да се најде се за домот по намалени аутлет цени.
- Оваа недела добивме навистина голем број прашања поврзани со Есенски ДОМА саем. Можам да потврдам дека станува збор за аутлет саем кој ќе понуди сè за домот, а посетителите ќе можат да уживаат во големите намалувања на нашите изложувачи. Десетдневното траење на саемот овозможува луѓето повеќе пати да дојдат на саемот и да го одберат своето омилено парче модерен мебел или пак некоја опрема за домаќинството со што комплетно ќе можат да го уредат или пак да го реновираат својот дом. Оваа година добивме навистина одлични критики и позитивен фидбек по Саемот за Мебел кој го сруши рекордот по посетеност. Од тука знаеме дека граѓаните се интересираат за саемите каде се продава мебел и останати работи за домот и поради тоа решивме Есенски ДОМА Саем да трае 10 дена, изјави Сања Кондарко, оперативен директор на проект во Скопски саем.
Влезот ќе биде бесплатен, а работното време на саемот е од 10 до 20 часот.
Ново на Сител
-

Трамп за фотографиите со Епстин: Го знаеше секој, нема ништо спорно
-

Имамоглу собра над 25 милиони потписи за претседателска кандидатура, тврди опозицискиот лидер Јозел
-

Жртвите од поплавите и лизгањето на земјиште во Индонезија надминаа илјада лица
-

Захарова: Ако ЕК сака, нека „ја напушти планетата додека постојат Руси“
-

Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите
-

Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово
-

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
