ЕСЕ: Сеопфатна бесплатна правна заштита за жртвите на семејно насилство

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) денеска по повод Меѓународниот ден на жената бара од државата да обезбеди доследна имплементација на Законот за превенција, спречување и заштита на семејното насилство.
Според здружението, жените жртви на насилство се соочуваат со недоволна и неефикасна правна и судска заштита поради што се бара и обезбедување на сеопфатна бесплатна правна помош за овие жртви.
Од здружението оценуваат дека сеуште постои тренд на поблаго казнување на сторителите на семејно насилство, а мал дел од поднесените кривични пријави се процесуираат.
- Според анализата од прибраните податоци од основните судови, една четвртина од поднесените кривични пријави уште во текот на обвинителската постапка се отфрлаат. Од отфрлените кривични пријави, во просек 44 проценти се резултат на повлекување на предлогот за кривичен прогон од страна на жртвата за кривично дело телесна повреда при семејно насилство. Оттука, сосем јасно произлегува дека жртвата за кривичното дело телесна повреда при семејно насилство, директно или индиректно било од насилникот било од блиски роднина е приморана да го повлече предлогот, а со самото тоа сторителот да не биде изведен пред суд и казнет, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
-

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
