Ерменија побара помош од Русија
Премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан, му се обрати на претседателот на Русија, Владимир Путин, со барање да започне консултации во која форма и обем Русија би можела да ѝ помогне на Ерменија за обезбедување безбедност, пренесува Спутник.
Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека во писмото испратено од Пашинијан до Путин е претставено целокупното толкување на моменталната состојба на терен, како и сите предизвици што ги носи „воената агресија на Азербејџан врз Нагорно Карабах“.
Пашинијан побарал од Путин да почне консултации што е можно поскоро со цел да се утврди обемот на руската помош, заснована на сојузот што постои меѓу Русија и Ерменија.
Неодамна во Женева се одржа состанок на шефовите на дипломатиите на Азербејџан и Ерменија за конфликтот во Нагорно Карабах. Министрите постигнаа договор да не извршуваат напади врз цивилни објекти во зоната на конфликтот, но и да состават список на сите воени заробеници за да може да се изврши нивна размена.
Ново на Сител
-

Прегазена 52-годишна жена од Скопје
-

Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, тврди дека немирите во Белфаст се расистичко насилство
-

Преземени мерки за справување со пожарите, воздухопловите и возилата сервисирани навреме, вели Мицкоски
-

Останува проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, десетици заинтересирани компании за дата центри
-

Ристовски: Од некогашна руина направивме солиден спортски храм
-

Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава
-

Мицкоски: Салата „Расадник“ во Кисела Вода поставува нови стандарди во спортската инфраструктура
-

Кривичен издаде упатен акт: Јакимовски треба да се јави во затвор на 2 јули
