Џет-Сет
11. January 2018 - 15:08

Ерик Клептон уплашен за своето здравје: Рацете ми откажуваат и станувам глув

Легендарниот музичар Ерик Клептон изјави дека е можно да ги откаже своите концерти концерти. Причина за тоа е болеста од која боледува - невропатија, која е последица на оштетени нерви, а предизвикува слабост и болка во рацете.

Освен тоа тој боледува и од тинитус т.е зуење во ушите, што би можело да доведе и до губење на слухот.

„Тешко ми е да свирам гитара и сфатив дека мојата состојба повеќе нема да се подобри“ се пожалил 72-годишниот гитарист Ерик Кептон. Додава и дека постојано се бори со тешкотии и дека наскоро ќе мора да се откаже од музиката. Болен е од периферна неуропатија која е последица на оштетување на нервите и предизвикува слабост, укоченост и болка во неговите раце, но и други делови од телото. Покрај тоа, Клептон страда и од зуење во ушите.

„Се грижам дека наскоро ќе оглувам и дека нема да можам да ги користам рацете“ рекол гитристот. Со оглед на тоа дека планира нови концерти, ќе мора да го ограничи нивниот број, како што тврди, за да избегне ситуации во кои би се посрамотил.

„Се надевам дека луѓето на моите настапи ќе дојдат поради мене, не од љубопитство. Знам дека фановите како и јас мислат дека е неверојатно што сеуште сум на сцената“ истакнал Клептон.

Минатата година морал да откаже концерти бидејќи го оштетил нервниот систем и било тешко да се свири во таа состојба, а имал и тежок бронхитис. Но, после некое време се помирил со симптомите на болестите.

„Сѐ започна со болки во грбот кои ги предизвика периферната неуропатија“ објаснил музичарот.

Ерик Клептон моментално го промовира автобиографскиот документарец „Ерик Клептон: Живот во 12. тактови“ а му било тешко да го изгледа цел бидејќи морал да се потсетува на некои тешки работи кои ги минал.

„Важно е публиката да види како се’ имало среќен крај. Ако одите да го гледате, подгответе се за ’жестоко возење’“ рекол Клептон.

Гитаристот поголемиот дел од 60. и 70. ттите години ги минал под дејство на алкохол и дрога, а во 1987. почнал да се ослободува од зависноста. Правел три посебни коктели за да на концертите не се забележи колку многу бил „вон себе“. Сепак, дури во 1998. на Антик пронашол установа за лекување која му помогнала да се ослободи од пороците.

„Пиев повеќе отколку што можете да замислите и комбинирав пиво со вотка. Мојата борба ми помогна бидејќи беше инспирација за многу песни и болката ја прикажував преку нив“ напоменал Клептон кој три пати „влегол“ во куќата на славните на „Рок&рол“ во Кливленд.

Гитаристот од 2002. година е во брак со Мелиа МекЕнри (40), бивша директорка на продажба и ги имаат ќерките Џулија Роуз (16), Ела Меј (14) Софиа Бел(12).