Ердоган: Турскиот народ треба да го зачува мирот во однос на настаните во земјата
Во своето ново телевизиско обраќање до нацијата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа го повика турскиот народ да го зачува мирот во однос на моменталната ситуација за земјата.
Неговиот говор директно беше пренесуван на телевизијата „Ал Арабија“, пренесе ТАСС.
Ердоган кажа дека бројот на уапсени воени и цивилни лица по обидот за преврат во Турција изнесува 13.156, а меѓу нив 126 се генерали.
Турскиот претседател даде збор дека ќе ги исчисти сите државни структури од приврзаниците на исламистот Фетула Ѓулен, кого властите ги посочија како одговорниот за организирање на метежот.
-Земјата се спаси од болеста и оди кон заздравување. Турската економија ја задржа својата стабилност и се развива. Не очекува спроведување на многу нови и важни проекти, рече Ердоган во директноот обраќање до нацијата.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба