-->
-->
Ердоган: Турција повеќе нема трпение и енергија да трча по Европа
-->

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека кога Европската унија ќе ги исполни ветувањата за визната либерализација и хуманитарната помош и кога ќе отвори нови поглавја во преговорите за членство, Турција дури тогаш ќе покаже добра волја од своја страна.
Ердоган, кој говореше пред група локални лидери во претседателската палата во Анкара, нагласи дека Турција повеќе нема трпение и енергија да трча по Европа.
Тој исто така изјави дека Анкара сака да ги развива политичките и економските односи со Русија, Иран, Кина и земјите од централна Азија на највисоко ниво.
Тој додаде дека сепак добрите односи со Истокот, не се алтернатива на односите со Западот и обратно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
