Ердоган: Турција е оставена сама да се бори против џихадистите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ја обвини меѓународната коалиција која се бори против Исламска држава во Сирија дека неговата земја ја остави сама да се бори против џихадистите на своја територија.
- Не оставија сами во нашата борба против оваа организација која ја пролева нашата крв со самоубиствени напади и напади врз Килис, рече Ердоган, мислејќи на пограничниот турски град што редовно е цел на ракетни напади од Сирија.
- Во Сирија никој од оние кои велат дека се борат против Исламска држава не претрпе загуби како нас, ниту плати висока цена како нас, рече Ердоган.
Ердоган повторно ги искритикува европските земји, обвинувајќи ги за диктатура и бескрупулозност бидејќи своите граници ги држат затворени за мигрантите и бегалците, кои бегаат од судирот во Сирија.
Европските земји „немаат милост, ниту правда“, рече Ердоган, во обраќањето на фестивалот на краткиот филм под називот „Милост и правда“во Истанбул, наведуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка
-

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма
-

Косово денеска избира нов парламент, вторпат за 11 месеци
-

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска
-

Сојузниците на Зеленски му дадоа силна поддршка пред разговорите со Трамп во Флорида
-

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
