Ердоган се закани дека ќе го укине турскиот Уставен суд

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека пресудата на Уставниот суд со која се нареди ослободување од притвор на двајца уредници на опозициски весник претставува чекор против државата и предупреди дека со повторување на слични одлуки овој суд може во прашање да го доведе сопственото постоење, пренесуваат британските медиуми.
Уставниот суд минатиот месец донесе одлука дека притворањето на Кан Диндар и Ердем Гил, главниот уредник и шефот на редакцијата во Анкара на турскиот опозициски весник „Џумхуриет“ било „незаконско“ и дека ги нарушило индивидуалната слобода и безбедност.
Британските медиуми потсетуваат дека двајцата беа уапсени минатиот ноември под обвинение дека свесно помагале во вооружувањето на терористичка организација и објавувале материјал со кој е нарушена државната безбедност, а дека подоцна беа ослободени.
- Оваа институција (Уставен суд), вклучувајќи го нејзиниот претседател и некои членови, не се воздржаа од донесување одлука која е насочена против државата и народот, поврзана за конкретниот пример на еден од најголемите напади врз Турција во последно време. Се надевам дека Уставниот суд нема повторно да се обидува нешто слично, со што ќе отвори дебата за сопственото постоење и легитимност, рече Ердоган на митинг во градот Бурдур, на југозапад на Турција, што во живо беше пренесува на телевизија.
„Џумхуриет“ во мај минатата година објави фотографии, видео снимки и напис кои покажаа како турските разунавачи во 2014 година со камиони префрлале оружје во Сирија, потсетуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
