Ердоган предупредува на ширење на војната во Украина
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во вторникот дека мора да се избегнат какви и да се чекори што ќе ја влошат војната во Украина и евентуално ќе го пренесат конфликтот во НАТО, додавајќи дека тој ќе биде домаќин на рускиот претседател Владимир Путин по изборите подоцна овој месец.
Турција, членка на НАТО, го поддржува територијалниот интегритет на Украина но одржува исклучително добри односи со Русија и редовно разговара со двете страни во конфликтот. Таа ѝ пружи воена и политичка поддршка на Украина, но и се противи на антируските санкции и подржува голема еономска соработка со Москва, особено во сферата на енергијата.
„Ја изразуваме нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, но веќе рековме дека мировните планови што ја исклучуваат Русија нема да дадат никакви резултати“, рече Ердоган, алудирајќи на планираниот мировен самит за Украина што ќе се одржи во Швајцарија подоцна оваа година, на кој како и на претходните Русија нема да учествува.
„Ние веруваме дека мора да се избегнат чекори кои би ги влошиле конфликтите во регионот и кои би се прошириле во НАТО“, додаде турскиот претедател.
Говорејќи на собирот за одбележување на почетокот на Рамазан со странските амбасадори во Анкара, Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да работи на заживување на Црноморскиот договор за жито.
Минатиот месец францускиот претседател Емануел Макрон рече дека западните сојузници не треба да ја исклучат опцијата за распоредување војници во Украина. Сепак, повеќето сојузници и шефот на НАТО се оградија од идејата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети Истанбул минатата седмица, а Ердоган понуди да биде домаќин на украинско-рускиот мировен самит. Тој во вторникот рече дека Путин ќе ја посети Турција по изборите во март, без да даде детали.
Кремљ претходно објави дека посетата на Путин на Турција ќе биде по изборите во Русија од 15-ти до 17-ти март. На локални избори на 31-ви март ќе излезат и Турците.
Анкара постојано понуди да биде домаќин на понатамошни разговори, велејќи дека е потребен лидерски самит. Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан рече дека страните мора да почнат да размислуваат за преговори за прекин на огнот, но дека тоа не треба да значи признавање на руските територијални добивки во Украина.
Турција беше домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина во 2022 година, само неколку седмици по почетокот на војната, но оттогаш се повеќепати истакна дека некои земји го попречиле заживувањето на мировниот договор постиггне во Истанбул и оти не се преземени дипломатски чекори за унапредување на тие разговори.
Ново на Сител
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта