Свет
21. August 2020 - 15:35

Ердоган потврди дека Турција нашла големи залихи гас во Црното Море

Нашиот брод за сондажа „Фатих“ откри резерва на природен гас од 320 милијарди кубни метри, соопшти турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и додаде дека слична вест се очекува и од Медитеранот, јави Анадолија.

Тој ги потврди вчерашните најави во медиумите дека Турција во Црното Море пронашла најголеми залихи на природен гас во својата историја

– Одлучни сме енергетското прашање на нашата земја да го решиме од корен. За нас нема одмор и запирање се додека не дојдеме до позиција на нето-извозник во енергетиката, додаде Ердоган.

Тој оцени дека енергетиката покрај што е основниот елемент за развој, има голема важност во осигурување на националната независност.

– Зад игрите на Источниот Медитеран, стои борбата за енергетските извори, потенцирсше Ердоган и додаде дека „глобалниот нехуман поредок, кој една капка нафта ја смета за повредна од човечката крв, се уште го продолжува своето владеење, изјави Ердоган.