Ердоган најави нови апсења на „ѓуленисти“ во Косово

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на собир на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) најави нови апсења на „ѓуленисти“ во Косово.
Ердоган истакна дека апсењето на петмината професори и еден доктор во Косово на 29 март, нема да биде последна операција против „балканските структури на терористичката организација“ на исламскиот проповедник Фатулах Ѓулен во оваа држава.
Сите уапсени се обвинети за врски со движењето на Ѓулен и за директна поврзаност со обидот за пуч во Турција во јули 2016 година.
Ердоган ја поздрави и операцијата на турската Национална разузнавачка служба (МИТ) во централноафриканската држава Габон, во која беа уапсени три лица, осомничени за поврзаност со движењето на Ѓулен .
Тројцата турски државјани уапсени во Габон се префрлени во Турција, каде ќе им се суди за поврзаност со Ѓулен, кој веќе неколку години живее во доброволен егзил во САД и кого Анкара го обвинува дека е организатор на неуспешниот обид за воен удар од 2016 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
