Ердоган: Ќе се повлечам ако се докаже дека Турција купува нафта од ИД
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа изјави дека ќе поднесе оставка на функцијата, доколку се докажат обвинувањата оти Турција купува нафта од џихадистичката група Исламска држава (ИД).
- Ви кажувам сосема отворено. Ако се докажат таквите тврдења, нема да останам на функцијата, изјави Ердоган во Париз, каде учествуваше на почетокот Конференцијата за климатските промени (КОП21).
Ердоган при тоа праша дали и рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да поднесе оставка, ако се докаже дека Турција не купувала нафта од ИД.
- Го прашувам уважениот Путин дали тој ќе остане (на функцијата), додаде Ердоган.
Ваквата изјава на Ердоган претставува реакција на тврдење на повеќе руски официјални претставници дека Турција на црниот пазар купува нафта по потекло од деловите на Ирак и Сирија под контрола на ИД, со што директно ги финансира терористите.
- Сите знаат од кого ние купуваме нафта. Американското Министерство за финансии соопшти дека меѓу оние кои купуваат нафта од ИД е и државјанин на Сирија и Русија. (Путин) прво нека одговори на тоа, додаде Ердоган.
Турскиот претседател нагласи дека Анкара не очекува прекин на односите со Москва, додавајќи дека Турција е „благородна држава, која дејствува трпеливо“.
- Ќе видиме прво што ќе направат тие, па дури тогаш ќе дејствуваме, истана Ердоган.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен