Балкан
16. November 2016 - 11:20

Ердоган ја обвини Белгија дека е центар на поддржувачите на ПКК

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја обвини денеска Белгија дека е важен центар на поддржувачите на Курдската работничка партија (ПКК) и исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого официјална Анкара го обвинува за воениот преврат на 15 јули. 

Пред да замине во посета на Пакистан, Ердоган на прес-конференција во Анкара истакна дека на германски официјални претставници им покажал докази дека една организација во Германија собирала финансиски средства за ПКК.

Турскиот претседател ја обвини и Германија дека не е целосно посветена на борбата против тероризмот и дека ја поддржува ПКК.