Ердоган: Израел ги уништува шансите за мир во Газа
Шансите за мир во Газа по хуманитарната пауза се изгубени поради бескомпромисниот пристап на Израел, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Секогаш нагласувавме дека сме за траен мир, а не за хуманитарна пауза… имаше шанса за мир и за жал ја загубивме поради бескомпромисниот однос на Израел, ја пренесува оценката на Ердоган весникот „Гардијан“.
Ердоган во изјава за медиумите по враќањето од Дубаи, каде што учествуваше на меѓународната климатска конференција COP28, истакна дека сепак не губи надеж за постигнување траен мир, и оти Хамас не може да биде исклучен од потенцијалното решение. Повтори дека тој Хамс не го смета за терористичка организација.
– Мораме да се фокусираме на решение со две држави – формирање палестинска држава покрај Израел, рече Ердоган.
Седумдневниот прекин на огнот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа заврши вчера, откако посредниците не успеаја да најдат формула за продолжување на примирјето и ослободување на повеќе заложници.
Израелските сили веднаш по прекинот на примирјето започнаа нова серија воздушни и артилериски напади врз јужниот дел на Појасот Газа.
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани