Свет
31. March 2018 - 18:44

Ердоган и Трамп зборувале за билатерални и регионални прашања

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот американски колега Доналд Трамп при телефонскиот разговор зборувале за билатерални и регионални прашања. 

Турскиот весник „Хуријет“ пишува дека двајцата лидери зборувале за случувањата во Сирија и Ирак, како и за борбата против тероризмот. 

Исто така, ја потврдиле нивната одлучност за поголема соработка и координација како сојузници. 

Американскиот и турскиот претседател ги размениле мислењата и за демонстрациите на појасот Газа.