Ердоган: И една година вонредна состојба во Турција може да не биде доволно

И една година да потрае вонредната состојба во Турција, може да не биде доволно, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, цитиран од турската телевизија НТВ.
По неуспешниот воен преврат од 15 јули во Турција беше воведена вонредна состојба, а сега во земјата се разгледува прашањето за продолжување на рокот за дејствување на мерките.
Ердоган подвлече дека од самиот почеток било кажано дека вонредната состојба ќе се ограничи на борбата со тероризмот и отфрли секакви други шпекулации за темата.
- Излезете мирно на улиците, одете на пазар. Има мир и безбедност во секојдневниот живот, изјави претседателот.
„Вонредната состојба ни помага да ја забрзаме борбата со тероризмот“, додаде тој, изразувајќи го своето несогласување со ставот на главната опозициска Републиканско народна партија дека истите дејствија можат да се водат и преку Парламентот.
- Дури и 24 часа се важни. Продолжувањето за нови три месеци на вонредната состојба ќе биде од корист за Турција. Може и 12 месеци да не бидат доволни, изјави Ердоган, напоменувајќи дека во Франција вонредната состојба се продолжува веќе една година.
Турскиот Совет за национална безбедност, исто така, синоќа се изјасни за продолжување на вонредната состојба во земјата за ефикасно да се гарантира заштитата на демократијата, правната држава, како и правата и слободите на турските граѓани.
Ново на Сител
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
-

Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
