Ердоган: Германија е последната земја која треба да зборува за геноцид

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Германија е последната земја која треба да се изјаснува и да гласа за геноцид, и притоа го повика Берлин прво да даде отчет за Холокаустот и своите активности во Намибија, информира турскиот весник „Дејли сабах“.
-Германијо! Повторно ти кажувам: прво треба да одговараш за Холокаустот. И како уби над 100.000 Намибијци во Намибија; треба да дадеш отчет и за тоа, изјави вчера Ердоган на дипломската церемонија на универзитетот „Себахатин Заим“ во Истанбул.
Намибискиот геноцид го претставуваат убиствата од 1904 до 1907 година на приближно 80 проценти од племињата Хереро и Нама, во југозападна Африка, од страна на колонијалната војска на кајзерова Германија, и тоа при задушување на народното востание. Германија во 2004 година овие настани ги прогласи за геноцид.
-Нашата историја не е историја на масакри. Нашата историја е историја на милост и сострадање. Тоа е разликата меѓу нас, изјави турскиот претседател, гневен од резолуцијата што во четвртокот беше усвоена од германскиот Парламент, со која како геноцид се прогласија убиствата на Ерменците во текот на Првата светска војна во Османлиската империја.
Според Ерменија, во периодот 1915-1917 година во Османлиската империја биле убиени 1,5 милион Ерменци. Редица историчари и повеќе од дваесет земји овие настани ги прогласија за геноцид.
Турција тврди дека станувало збор за граѓанска војна во која загинале меѓу 300. 000 и 500. 000 Ерменци и уште толку Турци, во моментот кога османлиските сили и Русија ја оспорувале контролата врз Анадолија. Анкара категорично ја отфрла тезата за сторен геноцид.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
