Балкан
16. September 2015 - 18:14

Ердоган: Бегалската криза може да се реши само со завршување на војната во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска оцени дека ставањето крај на војната во Сирија е единственото решение за актуелната бегалска криза и запирањето на бранот бегалци кои од воениот конфликт бегаат кон Европа.

- Затворањето на вратите пред овие луѓе и поставувањето бодликава жица на границите нема да го реши проблемот со бегалците. Вистинското решение е запирање на војната во Сирија што е можно побрзо, изјави Ердоган.

Според него, Сиријците сакаат да останат да живеат во својата таковина, но тоа станало невозможно поради граѓанската војна во земјата.

- Не можеме да останеме само набљудувачи, додека телата на бегалците лежат на бреговите на Средоземното и Егејското Море, истакна Ердоган, алудирајќи на големиот број давања на бегалците при нивните обии по морски пат да стигнат до евроските земји.

Шефот на турската држава ја повика меѓународната заедница да се мобилизира и да го урне од власт режимот на сирискиот претседател Башар ел Асад.

- Единстевно решение на сирискиот проблем е уривање од власта на режимот на тиранинот и негова замена со влада што ќе ја почитува волјата на народот и реалноста во регионот, смета Ердоган.

Турскиот претседател и овојпат го реафирмираше неговиот предлог, кој западните земји претходно го одбија, за создавање тампон зона во северна Сирија, каде би се пречекувале бегалците.

- Таму, на нивна земја, би им се понудила помош на оние кои тропаат на вратата на Европа, истакна Ердоган

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, Турција на своја територија прими околку два милиони сириски бегалци, кои во најголем број се сметени во бегалски кампови. Незадолни од условите за живот во камповите, голем број од овие бегалци изминатвие недели масовно се упатија кон западноевропските земји.