Македонија
3. August 2015 - 16:36

ЕР-тракторите долетаа во Македонија - Сервисирани ставени на готовс

Противпожарните авиони повторно на готовс. По едномесечниот технички сервис кој се вршел во Шпанија, ертракторите се вратени во земјава, оперативни и финкционални. Иако тие беа отсутни во јули и во сезона на пожари за среќа немало потреба од нивна интервенција. Од дирекцијата за заштита и спасување велат дека  сервисирањето се случило во летниот период технички и административни причини.

Во изминатите десет дена регистрирани се 37 пожари .Во  најголем дел од нив  горела нискостеблеста шума и тревна површина. За сите пожари интервенирале само противпожарни возила. Авионите не  биле пуштени во функција ниту минатата година.

Македонија располага со 3 противпожарни авиони за чие управување обучени се 6-мина плиоти. Капацитетот на  резервор за вода е од 3 тони. Владата ги набави пред 5 години а секој од нив вреди 3,5 милиони долари