Loading Video...
Ракомет
25. August 2022 - 17:44
Е.Пелистер преку Мешков брка полуфинале во СЕХА лигата
Македонскиот вице-првак Е. Пелистер го пречекува Мешков Брест во 1/4_финалето на регионалната СЕХА лига. Вечерашниот меч меѓу Еурофарм Пелистер и белорускиот Мешков Брест ќе го даде последниот патник на завршниот фајнал-фор турнир во СЕХА лигата.
И минатата сезона овие два тима се сретнаа во нокаут фазата, кога белорускиот тим славеше победа во двата натпревари.
Но. пелистерци сега веруваат дека може да се реваншираат и да се пласираат меѓу четирите најдобри во регионалната конкуренција.
Дуелот меѓу Е. Пелистер и Мешков Брест што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, ќе започне од 20:15 часот.
Исходот од овој последен четвртфинален меч, ќе го даде противникот на унгарски Веспрем на фајнал-форот во Задар, каде во првото полуфинале ќе играат хрватските претставници ППД Загреб и Нексе тим кој го елиминира македонскиот шампион Вардар.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->