Македонија
24. March 2021 - 12:54

ЕП утре ќе расправа за годишниот извештај за Македонија

Европскиот парламент утре ќе расправа и гласа за годишниот Извештај за Република Македонија, кон кој групите на Зелените и Социјалистите доставија предлози за измени и дополнувања, кои се однесуваат на непримерно и провокативно однесување на бугарските власти.

Во амандманот, претставници на бугарската Влада се обвинети за провокативни изјави за историски прашања кои ја засегаат Македонија и се повикуваат бугарските власти да се воздржат од такви изјави и покрај тековната изборна кампања во Бугарија.

Предлогот го дадоа четворица европратеници од Хрватска, Словенија, Австрија и Полска кои потенцираат дека Бугарија се однесува спротивно на духот на Договорот за добрососедство.

Бугарските европратеници најавија дека ќе гласаат против амандманите предложени од Социјалистите и Зелените во Извештајот за напредокот на Република Македонија, кои, како што оценуваат, содржат квалификации неприфатливи за Бугарија.