Фудбал
17. јуни 2017 - 16:14

EП У-21: Селекторот на Португалија очекува ефикасен меч со Србија

Селекторот на Португалија Руи Жорж изјави дека вечерва очекува интересен и ефикасен меч против Србија на стартот од натпреварите во Б-групата на ЕП во Полска за млади фудбалери. 

„Двете селекции играат напаѓачки фудбал и затоа ќе има голови. За нас е најважно да не го загубиме првиот меч на првенството бидејќи сметам дека од Б-групата второпласираната екипа нема да оди во полуфинале“- смета Жорж. 
Во вториот меч од групата вечерва во 20.45 играат Шпанија и Македонија.