ЕП Ракомет (ж): Домаќинот Франција на стартот против Русија

Време е за ракометните возбудувања на стариот конкурент и тоа во женска конкуренција. Шампионатот ќе се игра во Франција по 13-ти пат а на отворањето се игра дерби помеѓу домаќинот Франција и еден од кандидатите за висок пласман Русија. Дуел на светскиот и олимпискиот првак.
Натпреварот во Нанси ќе биде прв што ќе го одиграат двете селекции по пауза од две години. Последен пат Франција и Русија играле во финалето на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, кога екипата на Евгениј Трефилов победи 22:19.
На ЕП ќе учествуваат 16 репрезентации, титулата ја брани Норвешка. Оваа земја е рекордер со седум титули европски првак.
Група А: Данска, Србија, Шведска, Полска
Група Б: Франција, Русија, Црна Гора, Словенија
Група Ц: Унгарија, Шпанија, Холандија, Хрвтаска
Група Д: Норвешка, Романија, Германија, Чешка
Финалниот меч ќе се одигра на 16.декември.
Ново на Сител
-

Повеќе од половина судови се неажурни
-

Над 120 амандмани на вториот ребаланс на буџетот, почнува расправата во Собранието
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
