-->
-->
ЕП ракомет 2020: Митревски ја одбрани Македонија, а Лазаров погоди за победа
-->

Македонската ракометна репрезентација со победа од 26:25 го почна настапот на 14.то ЕП во ракомет. Во Виена вечерва совладана беше Украина. Јунак на победата беше голманот Никола Митревски, кој дуелот го заврши со 16 одбрани, од кои 3 во клучните моменти, додека победничкиот гол го постигна капитенот Кирил Лазаров некоја секунда пред истекот на 60.та минута.
Македонија во целиот тек на натпреварот имаше водство, а во вториот дел тоа во неколку наврати беше и четири разлика. Но, по 19:15 за нашата репрезентација во 40 минута почна кризата кај нашите ракометари и противникот за само 10 минути изедначи на 22:22. Во завршницата Македонија на голот го имаше расположениот Никола Митревски, кој успеа да одбрани три удари, а во последниот напад за победа погоди Лазаров, со неговиот 8.ми гол.
Во првиот дуел од групата кодомаќинот Австрија ја победи Чешка со 32:29. Утре е слободен ден во нашата група, а во недела Македонија од 16 часот за противник ја има селекцијата на Чешка.
Од Виена
Марјан Ников
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
