-->
-->
ЕП ракомет 2020: Брестовац: Се вративме, но не стигнавме до посакуваната победа
-->
Македонската ракометна репрезентација попладнево во Виена го претрпе првиот пораз на шампионатот. Чешка славеше со 27:25, што отвори многу дилеми во пресрет на последното коло и секако грижи за нашиот стручен штаб.
- Во вакви натпревари треба да се искористи се што ќе создадеш. Во изедначени дуели решаваат ситници, а тоа денеска го реализираше противникот за разлика од нас. Лошо играме 6 на 5 (кога противникот имаше исклучен играч), дури и често брзавме со нападот. Од друга страна Чесите на почетокот на вториот дел влегоа „силно“, Кашпарек погодуваше од 9-10 метри од тежок агол, трчаа брзо после центар, а ние моравме и да ротираме повеќе. Ние успеавме и да се вратиме, но за жал не стигнавме до посакуваната победа. Сега ни останува последното коло и дуелот со Австрија во вторник. Ние нема да се предадеме ќе се обидеме да победиме за да одиме во следната фаза, изјави селекторот Данило Брестовац.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија