Ракомет
26. January 2016 - 15:18

ЕП Полска 2016: Данска на чекор до полуфиналето

На Европското првенство во ракомет денеска се играат два натпревара од групата 2 со што ќе биде познат и распоред по две одиграни кола во оваа фаза.  Селекцијата на Данска со победа над Шведска ќе биде првата репрезентација што ќе обезбеди полуфинале. Почетокот на овој дуел е во 20:30 часот.
 
Пред овој натпревар се игра дуелот меѓу Шпанија и Унгарија, кој почнува во 18:15 часот.
Табела:  Данска 6 бодови, Германија 6, Шпанија 4, Русија 3, Шведска 1, Унгарија 0.