-->
-->
ЕП - одбојка (жени): Белорусија и Холандија во четвртфиналето
-->
Женската одбојкарска селекција на Белорусија направи пресврт и стигна до победата во дуелот со Чешка со 3-2 во сетови во првото осминафинале на Европското првенство што се игра во Азербејџан. Со оваа победа Белорусија во четвртфиналето ќе игра против Србија.
Чешка имаше водство од 2-0 во сетови откако првите два ги доби со 25:18 и 25:23. Во третиот сет по голема борба Белорусија го навести пресвртот и сетот го доби со 27:25, а во следните два сета беше подобра со 25:22 и 17:15 во решавачкиот сет.
Во второто осминафинале вечерва Холандија со 3-0 ја победи Хрватска и во четвртфиналето ќе игра против Италија.
Во утрешните осминафинални натпревари играат: Бугарија - Германија и Полска - Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз