ЕП ќе гласа за резолуција за 20 години од Дејтонскиот мировен договор

Европскиот парламент во Стразбур ќе гласа денеска попладне за нацрт резолуцијата, со која се одбележуваат 20 години од Дејтонскиот мировен договор.
Изминатите две децении Босна и Херцеговина и целиот регион доживеаја напредок, но пред земјата останува уште многу работа, се наведува во нацрт-резолуцијата.
Дополнителни напори, како што се вели во документот, се потребни во сферите на помирувањето, демократскиот рзвој и стабилизацијата.
- Проблемите во БиХ мораат да се решат што е можно поскоро, а по приемот на земјата во Европската унија, а за такво нешто е потребна промена на Уставот, изјави Елмар Брок, претседавач на Надворешно-политичкиот комитет на ЕП.
Дваесет години по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, ЕП уште еднаш ја потенцира определбата за мир и простеритет на БиХ, како и поддршка за нејзините европски аспирации.
Ново на Сител
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
