Кошарка
16. July 2016 - 11:14

ЕП јуниори: Пресврт победа против Ерменија

Македонија го започна ЕП во Грција од Б дивизијата со победа.совладувајќи ги  своите врсници од Ерменија со 67:56 и тоа во меч со пресврт. Мечот беше решен по одличната игра во последните 10 минуги кои ги добија со 26:15. Најефикасни во нашите редови беа Ефремовски кој погоди пет тројки од осум обиди, односно запиша 21 поен, додека пак капитенот Магдевски уфрли 15 поени.
 
Следен противник на избраниците на Малинков е селекција на Црна Гора.