ЕП инсистира на построги контроли при извозот на оружје од ЕУ

Европскиот парламент денеска побара надзор над извозот на оружје од ЕУ и воведување казни за земјите кои не ги почитуваат минималните барања, соопшти прес-службата на ЕП.
Пратениците се загрижени поради глобалната трка во вооружување и за користењето воени пристапи за решавање на политичките конфликти. Во денеска усвоената Резолуција, тие ги критикуваат земјите од ЕУ за нарушување на заедничкиот систем за контрола на извозот на оружје од Унијата и усвојување противречни решенија во оваа област, иако извозот на оружје во суштина е ист и стасува до исти крајни корисници. ЕП изрази жалење што само 20 земји во ЕУ доставиле податоци за вкупниот извоз на оружје.
Европратениците предлагаат да се врши надзор над контролата над вооружувањето под покровителство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност; воведување на казни за земјите на ЕУ кои не го имплементираат заедничкиот став за извоз на оружје; проширување на барањата за извоз на оружје со кои државите ги проценуваат можностите за корупција кај купувачите; зголемување на транспарентноста во известувањето за извозот на оружје; создавање ефективни контроли за да се спречи повторен извоз на оружје на неовластени крајни корисници; вклучување на вооружени беспилотни летала во листата на контролирано оружје.
Пратениците истакнуваат дека извозот на оружје во Саудиска Арабија ја нарушува заедничката позиција на ЕУ. Тие го повторија повикот за воведување на ембарго за оружје на Ријад.
Земјите од ЕУ се втор, по големина, извозник на оружје (26 отсто од светскиот извоз) по САД (33 отсто) и пред Русија (23 отсто). Блискиот исток е најголемиот увезувач на оружје од ЕУ во 2015 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
