-->
-->
ЕП Хрватска: Сепак сме браќа, Србин и Хрват во прегратка
-->
Во првиот ден на Европското првенство во ракомет ќе се одиграат четири натпревари, а централен меч ќе биде балканското дерби помеѓу Хрватска и Србија. Во А-групата, покрај овој натпревар, ќе се одигра и дуелот Шведска-Исланд, додека во Б-групата на програмата се дуелите Австрија-Белорусија и Франција-Норвешка.
„Спаладиум арена“ во Сплит е местото каде што ќе играат Хрватска и Србија. Арената, чиј капацитет е 12.339 седишта, ќе биде исполнета до последното место, а од безбедносни причини нема да има навивачи од Србија.
Домаќинот подготвува ригорозни мерки на безбедност, а на трибините ќе биде и шефицата на хрватската држава, Колинда Грабар-Китаровиќ, и српската амбасадорка во Хрватска.
Дуелите на соседите и 20 години по војната на просторите на поранешна Југославија се „натпревари од висок ризик“. Секогаш владее страв од можни инциденти, иако за разлика од навивачите хрватските и српските спортисти години наназад со заеднички фотографии, пораки и изјави шират толеранција.
Спроти натпреварот, кој се игра вечерва од 20:30 часот, нова порака за толеранција и пријателство испратија соиграчите од ППД Загреб, кои вечерва ќе бидат на спротивните страни, хрватскиот репрезентативец Златко Хорват и неговиот српски колега Добривоје Марковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип