-->
-->
ЕП - Б дивизија: На крајот пораз и од Данска
-->

Машката јуниорска репрезентација на Македонија Европското првенство – Б дивизија што се игра во Скопје го заврши на 16.место откако денеска го загуби дуелот за 15.та позиција од Данска со 85:61 (16:17; 19:18; 27:10 и 23:16).
По изедначеното прво полувреме (35:35) нашите јуниори одиграа под очекуваното во третиот период, кој противникот го реши во своја корист со 17 поени и со тоа само ја навести победата. Најефикасен на натпреварот беше Ненад Димитријевиќ (Македонија) со 26 поени, додека кај победничката екипа најефикасен беше Силвестер Берг со 25 поени, а имаше и 11 скокови.
До крајот на шампионатот што се игра во Скопје остануваат да се одиграат уште неколку натпревари за пласман, а досега завршија дуелите:
Белгија – Полска 71:51 (за 5.место);
Чешка – Естонија 65:78 (за 7.место);
Македонија - Данска 61:85 (за 15.место);
Австрија - Холандија 64:85 (за 17.место);
Шкотска – Албанија 68:71 (за 21.место);
Кипар – Република Ирска 56:72 (за 23.место);
Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ од 21 часот се игра финалето меѓу Црна Гора и Украина, а од 18:45 часот играат: Унгарија и Словачка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Венс: Потезите на американската администрација во економијата и кон Иран ќе донесат придобивки во иднина
-

Приведен 18 годишен кумановец, при претрес во неговиот дом пронајдено е оружје
-

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот
-

Бобан Илиоски со спектакуларно деби во „Глори 110“ – го нокаутира фаворитот уште во првата рунда!
-

Браун: Леброн е најдобриот кошаркар на сите времиња, чест е да се игра со него
-

Макрон за насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети
-

Во Литванија граѓаните во засолништа поради непознат летачки објект
-

Одлуката на Трамп да ги укине санкциите против Русија предизвика незадоволство кај членовите на Конгресот
