EP 2020: Победи на Холандија и Белгија
Холандија до 80-тата минута губеше со 0:1 од Северна Ирска во важниот меч од квалификациите за Евро 2020, пред предводени од Мемфис Депај да направат луд пресврт за 3:1 победа и израмнување со Германците и Ирците на врвот на групата Ц.
Нивните соседи, Белгијците пак, немаа такви маки и со 9:0 го „прегазија“ аутсајдерот Сан Марино, додека Русија во таа група И го обезбеди првото место со 4:0 победа над Шкотска. Светските вице-шампиони, Хрватска, пак на „Пољуд“ со 3:0 ја совладаа Унгарија за да ја вратат контролата на групата Е и да направат чекор до квалификација.
На „Де кујп“ во Ротердам немаше голови до 75. минута, кога напаѓачот на англискиот второлигаш Хал сити, Џош Магенис ги замолче „портокаловите“ навивачи. Сепак, во 80. минута, Мемфис Депај израмни на 1:1, за во 91. минута, Френки де Јонг да го комплетира пресвртот, пред Депај да постигне уште еден гол во 95. минута.
ЕВРО 2020 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Ц
Белорусија – Естонија 0:0
Холандија – Северна Ирска 3:1
Табела: 1.Холандија 12, 2.Германија 12, 3.С.Ирска 12, 4.Белорусија 4, 5.Естонија 1
ГРУПА Е
Хрватска – Унгарија 3:0
Словачка – Велс 1:1
Табела: 1.Хрватска 13, 2.Словачка 10, 3.Унгарија 9, 4.Велс 7, 5.Азербејџан 1
ГРУПА И
Казахстан – Кипар 1:2
Белгија – Сан Марино 9:0
Русија – Шкотска 4:0
Табела: 1.Белгија 21, 2.Русија 18, 3.Кипар 10, 4.Казахстан 7, 5.Шкотска 6, 6.Сан Марино 0
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
