Фудбал
20. јуни 2016 - 9:23

ЕП 2016: Швајцарија обезбеди 1/8 финале со Полска

Фудбалската репрезентација на Швајцарија избори пласман во осминафиналето на Европското првенство откако одигра 0-0 со Франција, која уште по првите две кола обезбеди место во нокаут рундата. Во вториот натпревар од последното коло во А групата, Албанија го постигна првиот гол и ја забележа првата победа на големите натпреварувања, а Романија го заврши своето учество на ЕП.
 
Франција не успеа да постигне гол против Швајцарија иако Погба во првото и Паје во второто полувреме ја  погодија рамката од голот на Зомер. Французите се први во А групата и во осминафиналето ја очекува меч со една од третопласираните екипи од групите Ц, Д или Е.
 
Швајцарија во нокаут рундата јаочекува вторпласираната селекција од Ц групата, а тоа најверојатно ќе биде Полска.