-->
-->
ЕП 2015: Порази на Русија и Литванија
-->

Кошаркарската репрезентација на Белгија го направи првото големо изнендување на Европското првенство, откако во првитот натпревар од Д групата, во Рига, славеа над Литванија со 76:74. Во првиот меч од третата рунда во А групата, во Монпелје, Русија го забележа и третиот пораз. Русите загубија од Финска со 79:81.
Воведните мечеви од третото коло во А и Д групите донесоа инфаркт завршници, Белгија славеше над Литванија со кошот на Лоџески постигнат со звукот на сирената, додека Копонен ѝ донесе победа на Финска со поените постигнати на три секунди до крајот на мечот.
Литванија против Белгија при нерешен резултат 74:74 го имаше последниот напад, но Калниетис не погоди тројка на пет секунди до крајот. Ван Росом, потоа повлече контра на Белгија, успеа да шутира но не и да погоди, а одбиената топка во кошот ја спроведе Лоџески.
Кошот на бекот на Олимпјакос беше признат дури откако судиите ја прегледаа забавената снимка.
Лоџески со 20 поени беше најефикасниот во таборот на Белгија, додека Валнчиунас со двоен ефект од 25 поени и 12 скокови ја предводеше Литванија.
Слична завршница имаше и мечот меѓу Русија и Финска. Копонен погоди за два поена на три секунди до крајот и го поставо конечниот резултат 81:79. Русите го имаа последниот напад но Фридзон не успеа да погоди тројка.
Инаку Русите во последните две минути и 42 секунди влегоа со предност од 79:78, но до крајот на мечот не постигнаа ниту еден кош.
Марфи со 19 и Салин со 16 поени беа најефикасни во финската селекција, додека Фридзон кај Русија постигна 20 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
